Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој заклучува: „Најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот. Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски. Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате“!
Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува…
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, March 23, 2021
Comments are closed for this post.