Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 март 2021, тестирани се вкупно 24.517 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.441; 49,9%), со неделна инциденца – 557,1/100.000. Највисока неделна инциденца од 899,1/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).

Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3%, просечно 27,9%, 3% повеќе во споредба со минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60.

Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 (33,1%), 50-59 (32,1%) и 40-49 (30,2%).