Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека денеска излегле на улиците за да го кренат гласот за она што двоецот Заев-Бучковски го подготвува во преговорите со Бугарија. Тој вели дека јавноста ништо не знае за што се преговара и оти власта мора да го покаже патоказот како што го нарекуваат, или пак договорот.
Блокираме поради една причина, да кренеме свест, да го кренеме својот глас за тоа што се случува во позадина, за тоа што Заев и Бучковски го договараат и преговараат, а македонската јавност не знае ништо за тоа.
Затоа сме ние тука на улиците да го кренеме гласот, да покаже што стои на масата, дали се преговара повторно за македонскиот идентитет, дали се преговара за нацијата, за културата, за јазикот и каков е тој патоказ, договор или што и да е.