По изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека СДСМ не е веќе македонска партија, туку е мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, денеска на барање на новинарите, својкоментар даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече:

Се можеме да се изнаслушаме од Заев до 12 април, не би ме изненадило што и да каже тој човек. За мене лично очекувано. Човекот кој што се срами од родот свој, како може да биде добар за сите останати. Од тоа треба сите останати да извлечат поука. Не можам да го разберам. Од вчера до денеска не можам да донесам некој логичен заклучок како може човек да се срами од родот свој, а да очекува дека другите етникуми повеќе ќе го почитуваат. Тие гледаат дека своите ги остава. Но тоа е состојба во СДСМ. Има таму луѓе, има основачи на таа партија, треба тие да се јават, да дадат одговор врз основа на кои постулати се темели ова комплетно напуштање на концептот врз основа на кој е создадена таа партија. Јас како лидер на ВМРО-ДПМНЕ слободно можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ е и останува македонска партија, која што била единствен и ќе остане единствен заштитник на државните и на националните интереси, на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија и на другите етнички заедници, заштитник на Република Македонија.