На процесот треба да му се даде шанса. Ние како што знаете имаме парола се бориме за правда но правда целосна, не селективна и за правда за определени политичари и определен временски период , туку правда во вистинска смила на зборот правда, а не трговци со правото и правдината за да реализираат определени политички цели.
Ова е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за преговорите со власта за Законот за јавно обвинителство.
Според него, министерката за правда нема менаџерски капацитети не успева некако да излезе од онаа матрица на сопственото политичко мочуриште со кое што е опкружена и оние флоскули од 2015 и 2014 и претходно.
За Мицкоски, таа заборава дека сега е министер на еден ресор во кој што покрај тоа што треба да има професионално знаење, треба да има менаџерски капацитети и не успева да најде баланс помеѓу тие две работи . Не успева да ги води преговорите во насока на тоа да се договориме, но сега гледаме кои биле нивните мотиви.
Ние апелиравме во минатото дека Владата но и сите оние кои што сме поврзани со политиката во Република Македонија се свесни дека повторно ние како држава нема да добиеме јасна препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија што впрочем се случи вчера и денеска ги гледаме најавите од таму повторно некоја нова формулација за некои подготвителни процеси кој што досега ниту една земја практично ги немала и за да го затскријат овој неуспех се обидуваат да ја играат играта кој е виновен зошто ние нема да добиеме преговори, се обидуваат практично да ја префрлат вината на опозицијата.
Нормално ние овој несмасен обид на Министерката за Правда како и на Премиерот господинот Заев го осуетивме и ја предупредивме македонската јавност дека тоа ќе се случува и потврдата еве гледаме секојдневно стига . Практично министерката преговара за да не се договори. Еве имаме амандмани на маса нека ги прифатат амандманите ако тоа е навистина услов за отпочнување преговори да одиме во Собрание и да го изгласаме новиот закон за јавното обвинителство но очигледно дека некој ниту има намера да се договори, ниту сака да се договори а ниту пак и покрај тоа што евентуално би го изгласале тој закон за јавното обвинителство Македонија би добила датум за отпочнување на преговори. Така што долгата приказна на кратко жената за жал нема менаџерски капацитети да води едни преговори за жал, второ што можам да кажам преговараат за да не се договорат и трето за жал на македонските граѓани на македонската јавност и покрај сите понижувања и омаловажувања што ни се случија изминативе две години ние повторно нема да добиеме чиста препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Најверојатно ќе има повторно некоја прослава како минатата со понекој чочек на плоштадите во Македонија но ќе чекаме изгледа некоја друга прилика и некоја друга комисија – објасни Мицкоски.
Comments are closed for this post.