Кандидатот за градоначалник на Охрид од Граѓанско-демократската унија Михаил Трендафилов – Нанче на денешната прес-конференција се осврна на вчерашната изјава на в.д. градоначалникот на Охрид околу раздолжувањето на општината, спроведено со финансиската поддршка на Владата.

Тој пред медиумите истакна дека се работи за политички популизам без преседан, да се плаќаат долгови на општината среде кампања, без да се знае како се настанати и дали има криминал во истите.

Од каде и чии средства Владата дава, каква порака испраќа. За да го дополни буџетот, очекувајте да си издвоите средства за казни од УЈП, од полиција. Доверителите среќни намалуваат главници, отпишуваат камати. Во меѓувреме се поставува прашањето колку од нив пропаднале чекајќи ги тие пари, колку опстанале и како успеале да опстанат. Се наметнува прашањето дали иста постапка може да се повтори на ниво на цела општина, со отпишување на долгови на фирми, приватни лица“, истакна Нанче.

Тој забележа дека и после се не се знае кој, зошто и како го направил тој долг, за што најави завршница што ќе дојде доколку ја добие поддршката на граѓаните.

Едните лажат, другите мамат, заедно крадат и се амнестираат. Јас ќе бидам ваш градоначалник, а не партиско-мафијашки, изборот е ваш“, им порача Трендафилов на охриѓани.