Потребно е време да се искристализираат намерите и позициите на СПЦ во односот кон нашата Македонска православна црква-Охридска Архиепископија и тука би бил претпазлив во давањето на финални квалификации, воздржувајќи се до моментот кога ќе имаме јасни позиции од нивна страна. Добро е тоа што има зближување на меѓусебните релации и што отворено се зборува на оваа тема, го коменетира црковниот спор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Дојче Веле“.
Тој смета дека е од историско значење за нашата света православна црква е одлуката на Вселенската Патријашрија, водена од неговата светост Вартоломеј, бидејќи таквата одлука значи тргање на децениската шизма кон МПЦ и нејзино целосно признавање и вбројување во редот на признатите православни цркви во светот.
-Таквиот статус на канонско единство со останатите православни цркви значи признавање на статусот дека сме еднакви со другите. Историската тежина на таквата одлука е дотолку поголема зашто се однесува на името ОА овозможувајќи повеќевековен историски континуитет на нашата Македонска православна црква, вбројувајќи ја во една од најстарите цркви во овој дел на регионот и светот. МПЦ, пресликана во континуитетот на Охридска Архиеписикопија, е еден од најсилните бастиони и упоришта на постоењето на македонскиот народ, кој е различен од бугарскиот, српскиот и околни народи. Со таквата одлука на Вселенската Патријаршија овој факт се потврдува. Впрочем, ОА е браникот на тој духовен и културен идентитет околу кој се граделе и слободарските идеи за постоењето и формирањето на националните идеи, традиции, верувања. МПЦ-ОА, Синодот и поглаварот г.г. Стефан одиграа значајна улога во овој историски контекст. Почитувајќи ги одредбите за секуларна држава, но зачувувајќи го природното право, ВМРО-ДПМНЕ, како демохристијанска партија негува блиски врски со црквата и ја чувствува меѓу другото за природен сентимент во своето делување, во тоа име повикувам на единство и мудрост во овие времиња. Најважно е Синодот, владиците во него да го сочуваат единството и да останат посветени на верниот народ, и обединети со мудроста која сите луѓе во Синодот неспорно ја поседуваат, да издејствуваат целосно етаблирање и реализација на вековната борба за призната црква и нејзино прифаќање од сите останати православни цркви. Верувам дека г.г. Стефан со Синодот ќе донесат одлуки најдобри за нашиот народ и црква.
Comments are closed for this post.