Денеска бев во Прилеп, во црквата св. Благовештение и манастирот св. Димитрија . Воедно остварив стредба и со старите членови на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и околината. Тие ја имаат мојата почит за се она што го направија и прават за партијата и нашата земја. Сега имаме заедничка битка, можеби најважна до сега, да донесеме правда за Македонија и за секој еден нејзин човек. За тоа мора да се избориме заеднички и обединето, напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.