о Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија, тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие кое и се случува, секојдневие на пљачка, криминал, корупција, понижувања и омаловажувања, порача од штипско Ново Село, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Тој истакна дека за два до три дена ќе го објават кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Очекува поддршка од штипјани и од оние, како што рече, кои изминатите три години не биле задоволни од проектите на поранешниот градоначалник, а сега министер за транспорт и врски Благој Бочварски.
Да престанат олигарси, да престанат бизнис семејни интереси во Штип, да престанат бизнис семејни транзициони интереси низ Македонија рефлектирани низ семејствата кои што во Штип изминатиов период практично пустошат а штипјани се тие кои што се незадоволни од таквиот начин на однесување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени градоначалнички избори очекува масовна поддршка од штипјани што впрочем и ќе значи нов ветар, нова енергија која што ќе ја навести и победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори кои што ќе се случат за помалку од една година од денес. Штип во минатото секогаш бил предвесник на промените, така ќе биде и овој пат, рече Мицковски.
Тој од Штип испрати и три пораки, во првата ја осудува локалната, централната власт, кои денеска не положиле цвеќе на спомениците во Штип, а кои ги рефлектираат позициите на јунаците, дејците, на апостолите кои што животот го дадоа за македонскиот народ, за современата македонска држава.
Втората позиција што сакам да ја кажам е токму овде од Штип и за Штип бидејќи во минатото бевме навикнати на успеси на проекти, нови фабрики, универзитети, луѓе кои што беа среќни и кои што беа задоволни од секојдневието. Но, за жал денеска ние не можеме четири години веќе да се пофалиме, дури не можеме ни да го одвоиме тоа што на времето беше изградено за Штип, да го зачуваме и тоа да го надградиме, а камо ли да зборуваме за нешто што е ново изградено, некој нов пат некоја нова улица, некоја нова фабрика. Напротив, гледаме како фабриките се затвараат, луѓето се разочарани а за жал се помалку има студенти, се помалку има штипјани во Штип. Својот леб, лебот за сопственото семејство го бараат надвор од Штип, надвор од Македонија, вели Мицковски.
Третата порака, како што рече, е дека и на овие избори за градоначалник на Штип, ВМРО ДПМНЕ ќе победи.
ВМРО-ДПМНЕ на изминатите избори победи, победи и на претседателските избори и на првиот и на вториот круг, а така ќе биде и следните предвремени градоначалнички избори кои што ќе се случат овдека во Штип, рече Мицковски.
Comments are closed for this post.