ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток во 12 часот одржува протест со автомобили, како што велат против мафијата, за правдата и слободите.

Протестот започнува од две собирни точки во Скопје, СЦ “Борис Трајковски”- општина Карпош и СЦ “Јане Сандански” – општина Аеродром, по што ќе финишира пред Собранието.

Протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип, преку автопатот “Гоце Делчев”, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

На 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата, за правдата и слободите, информираат од партијата.

-127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. 127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.