Вие до денес јавно не го осудивте насилството, му рече премиерот Зоран Заев на опозицискиот лидер Христијан МИцкоски во вториот дел на ТВ дулеот кој се одвива на Кнал 5.

„До денес јавно не го осудите насилството, лузните мои кои ги гледате, крвта која се пролеа на столбовите на македонската демократија. Дали јавно го осудвате тоа што се случи на 27 април“?, го праша Заев директно Мицкоски.

ЛИдерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа го направил претходно повеќе пати, а сега повторно тоа ќе го осуди, но и дека го осудува и поводот зошто дојде до тоа насилство, како и висината на пресудите“.

„Насилствотот сум го осудил и пак го правам тоа. Го осудвам и поводот за да се изврши тоа насилство како и висината на казните. Имаме повратници учесници во ИСИЛ кои имаат помали казни од Ангелов или Чавков. Вие знаете дека има закани кон мене од припадници на групата осудена за Диво насење. Дали го осудувате тоа“, реплицираше Мицкоски.

„Да, ама не како вас. Вие осудувате, а мрчите за пресудите“, одговори Заев.

Инаку како помина ТВ дуелот, така се зголкемува тензијата во студиото. Првите искри меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се јавија околу законот за Специјалното јавно обвнителство (СЈО). Мицкоски му реплицирашер на Заев со зборовите:„Ви треба притисок врз опозицијата господине Заев“.

На тоа премиерот возврати:„Вие го штитите криминалот. Повторно нашата земја да не добие датум за преговори, како што тоа го правевте со договорот со Грција, за НАТО“.

Заев додаде дека во рамките на СЈО е создаден инситуционален капацитет кој не треба да го уништиме.

„Ова СЈО во иднина се знае што ќе работи во државниот обвнителен систем. Ќе работи на крупни коруптивни случаи“, додаде Заев.

Претходно Мицкоски рече дека денес до меѓународните претставници и до Министерстотото за правда ВМРО-ДПМНЕ ја доставила предлог-верзијата на амандманите откако беа прифатени принципите, кои претходно министерката за правда Рената Дескоска не сакаше да ги прифати.

„Тие принципи се правда за сите. Меѓународни стандарди и почитување на човековите права. МП се согласи за тие принципи и ВРО-ДПМНЕ денес достави 65 амандмани. Ние сме СЈО да биде дел од Обвинителствотото“, рече Мицкоски.

Заев реплицираше дека опозицската партија го кочи процесот само заради заштита на криминалците.

(Пресинг ТВ го следи ТВ дуелот и ќе ги објавува поентите сукцесивно)