Зоран Заев сè што фати исуши. Негрижата поради неспособност и жед за пари мора да престане и да се казни. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати. Обновата победува!, порачува Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Според него, како со сѐ во државата, власта и Заев ги опустошија и езерата за личен профит.

•Тиквешко езеро намалено за 70%.
•Езеро Калиманци намалено за 75%.
•Езеро Турија намалено за 65%.
•Прилепско езеро намалено за 85%.
•Преспанско езеро – изгубена вода во количина колку две Дојрански езера.
•Стрежевско езеро намалено за 72,5%.
•Очајна е состојбата со Мавровското и Дебарското езеро.

Негрижата ги уништува македонските езера. На удар се граѓаните и престои проблем со вода за пиење, на удар ќе бидат и земјоделците и своите посеви, а со тоа и економијата.

Зоран Заев сè што фати исуши. Негрижата поради неспособност и жед за пари мора да престане и да се казни. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати.
Обновата победува!, вели Мицкоски.