Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со нов предлог за решение на политичката ситуација во која се наоѓа земјата по неуспешниот референдум.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска излезе со нов предлог кон власта, а тоа е премиерот Заев јавно да се откаже од Договорот со Грција, потоа да се оди на избори, а после изборите да се фомира ново јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО и ќе ги доистражи прислушаните разговори и сомнежите за криминал на оваа Влада.

Македонија влегува во нова политичка криза. Решението на маса е катастрофално и неприфатливо, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за мнозинството граѓани. Договорот не проаѓа зошто ВМРО-ДПМНЕ води инает, туку власат треба да знае дека народот не го прифаќа. Нова криза ќе ја доуништи економијата, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека решението кое е постигнато со Грција е катастофално. Сега потенцираше тој, само може да се констатра дека Договорот е мртов.

Договори Договор без консензус ветувајќи дека ќе исполни нешто што не може да исполни, манипулирајќи ја и меѓународната заедница дека овој договор може да помине. И покрај притисоците, уцените, полнењето кутии, власта не успеа да ги изманпилура граѓаните кои покажаа одговнорност кон својата земја. Вчаста е целосно делегитимирана, Заев веќе нема легитимитет и кредибилитет, неупешниот реферндум е и одговор дека криминалиите не смеат да продолжат. Народот испрати порака дека Заев повеќе не може да биде премиер и треба да се повлече, рече Мицкоски.

Мицкоски му понуди на Заев две опции:

Затоа и има две опции: избори, за кои мора да има пржинска влада каква што Заев имаше пред изборите 2016 година и јавен обвинител на предлог на опозицијата, како и анкетна комисија. Власта лажно ме обвинува дека сум барал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и измискуваат дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО. Влегов во поитиката да му служам на народот и поради тоа да созадавам за народот, но и да се борам против криминалот. Ниту сум условувал, сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните. Втората опција е Заев веднаш да се откаже од Договорот, па потоа на избори. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе подрржи нова обвинителство, веднаш по завршувањето на СЈО, овојпат  јавен обвинител со консензус кој вистинкси ќе се бори против криминалот, но и да ги доспита прислшуваните материјали, како и криминалите на оваа влада. Стојам овде и велам ајде да ставиме крај на криминалот и вистински да се бориме против него и да ставиме крај на сомнежите за криминал. Еве шанса оваа Влада да докаже дека вистински е против криминалот, рече Мицкоски.

Прашан за коментар околу потврдената пресуда од Апелација на екс-премиерот Груевски и наводно тргување со пратенички гласови за неговаслобода, Мицкоски рече дека самиот факт што некој мисли дека владата на Зоран Заев тргува со правдата, зборува за тоа во каков амбиент и општество живееме. Мицкоски рече дека е непринципиелно и не би сакал да верува дека некој воопшто размислува да тргува за нешто за што граѓаните јасно се изјаниле на 30 септември без разлика дали се тоа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ.

Прашан, што ако власта инсистира на избори по скратени рокови и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на такви избори, Мицкоски рече дека тоа што власта сака брзи избори говори каква е желбата на оваа власт да остане и продолжи да го пљачка народот, кратко укажувајќи дека е неопходно формирање на пржинска влада.

На прашањето дали има вистина во шпекулациите дека власта се обидува на најразлични начини да ги убеди пратениците да гласаат за уставните измени, тој одговори:

Самиот факт што во јавноста има сомнеж дека некој тргува со правдата и правото говори дека во оваа држава ниту има правда, ниту има правдина. Не би коментирал понатаму што се се случува во оваа држава, рече Мицкоски.