Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со нов предлог за решение на политичката ситуација во која се наоѓа земјата по неуспешниот референдум.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска излезе со нов предлог кон власта, а тоа е премиерот Заев јавно да се откаже од Договорот со Грција, потоа да се оди на избори, а после изборите да се фомира ново јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО и ќе ги доистражи прислушаните разговори и сомнежите за криминал на оваа Влада.
Македонија влегува во нова политичка криза. Решението на маса е катастрофално и неприфатливо, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за мнозинството граѓани. Договорот не проаѓа зошто ВМРО-ДПМНЕ води инает, туку власат треба да знае дека народот не го прифаќа. Нова криза ќе ја доуништи економијата, рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека решението кое е постигнато со Грција е катастофално. Сега потенцираше тој, само може да се констатра дека Договорот е мртов.
Договори Договор без консензус ветувајќи дека ќе исполни нешто што не може да исполни, манипулирајќи ја и меѓународната заедница дека овој договор може да помине. И покрај притисоците, уцените, полнењето кутии, власта не успеа да ги изманпилура граѓаните кои покажаа одговнорност кон својата земја. Вчаста е целосно делегитимирана, Заев веќе нема легитимитет и кредибилитет, неупешниот реферндум е и одговор дека криминалиите не смеат да продолжат. Народот испрати порака дека Заев повеќе не може да биде премиер и треба да се повлече, рече Мицкоски.
Мицкоски му понуди на Заев две опции:
Затоа и има две опции: избори, за кои мора да има пржинска влада каква што Заев имаше пред изборите 2016 година и јавен обвинител на предлог на опозицијата, како и анкетна комисија. Власта лажно ме обвинува дека сум барал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и измискуваат дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО. Влегов во поитиката да му служам на народот и поради тоа да созадавам за народот, но и да се борам против криминалот. Ниту сум условувал, сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните. Втората опција е Заев веднаш да се откаже од Договорот, па потоа на избори. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе подрржи нова обвинителство, веднаш по завршувањето на СЈО, овојпат јавен обвинител со консензус кој вистинкси ќе се бори против криминалот, но и да ги доспита прислшуваните материјали, како и криминалите на оваа влада. Стојам овде и велам ајде да ставиме крај на криминалот и вистински да се бориме против него и да ставиме крај на сомнежите за криминал. Еве шанса оваа Влада да докаже дека вистински е против криминалот, рече Мицкоски.
Прашан за коментар околу потврдената пресуда од Апелација на екс-премиерот Груевски и наводно тргување со пратенички гласови за неговаслобода, Мицкоски рече дека самиот факт што некој мисли дека владата на Зоран Заев тргува со правдата, зборува за тоа во каков амбиент и општество живееме. Мицкоски рече дека е непринципиелно и не би сакал да верува дека некој воопшто размислува да тргува за нешто за што граѓаните јасно се изјаниле на 30 септември без разлика дали се тоа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ.
Прашан, што ако власта инсистира на избори по скратени рокови и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на такви избори, Мицкоски рече дека тоа што власта сака брзи избори говори каква е желбата на оваа власт да остане и продолжи да го пљачка народот, кратко укажувајќи дека е неопходно формирање на пржинска влада.
На прашањето дали има вистина во шпекулациите дека власта се обидува на најразлични начини да ги убеди пратениците да гласаат за уставните измени, тој одговори:
Самиот факт што во јавноста има сомнеж дека некој тргува со правдата и правото говори дека во оваа држава ниту има правда, ниту има правдина. Не би коментирал понатаму што се се случува во оваа држава, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.