Кампањата што ВМРО-ДПМНЕ ја води против владата на Зоран Заев и СДСМ е именувана „Црнила“ поради тоа што, како што истакна лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на протестот во Скопје, оваа власт ништо друго не направила. Мицкоски се осврна на, како што рече, многуте неисполнети ветувања за голем број категории граѓани.
Ќе почнам од докторите. Им ветуваа просечна плата од 100.000 денари. Од тоа не добија ништо. Им ветува линеарно покачување на платите и добија симболично покчување од 5%, но веднаш оној човек кој се нарекува градски татко потрча и тие пет проценти да им ги скрати, па им го зголеми паркингот во клиничкиот круг за да си ги вратат парите што им ги дадоа. Им ветуваа на матичните лекари и на стоматолозите двојно зголемена капитација, ништо не добија. Напротив, и тоа што го имаа на времето, и тоа им го земаа – истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за состојбата и условите што ги имаат младите, кои се принудени секојдневно да ја напуштаат Македонија.
Младите секојдневно си заминуваат, затоа што се чувствуваат излажани, изманипулирани, затоа што им ветуваа младинска гаранција, им ветуваа студентски град, перспектива и фер шанса за сите. Не само што не го добија ветеното, туку не добија ни надеж, бидејќи овие се зафатени со промена на името и промена на индетитетот, немаат време за младите – потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски се осврна и на изјавата на премиерот Зоран Заев дека од јуни ќе ни тргнело и дека Европа е таа што ќе не научела како треба.
Не, бре! Ние треба да се еврпеизираме за да ни подаде рака и Европа. Со криминалци во владата, со криминалци во јавните претпријатија кои вие ги поставите, нема Европа. Европа бара честити политичари, искрени и вредни луѓе, луѓе што работат, а не луе кои на својата нација ѝ викаат дека е искомплексирана. Нема така во Европа. Во Европа мора да сме честити и чесни, сетоа она што не сте вие, СДСМ и Зоран Заев – порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.