Под покровителство на германската фондација „Конрад Аденауер“ денеска, 6 ноември, со почеток од 14:30 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје  ќе се одржи конференцијата „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“.

На панел-дискусијата првпат на иста маса ќе седнат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села и Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Учесик и говорник ќе биде и Арбен Кашаху од Демократската партија на Албанија на Љуљзим Баша, а ќе има претставници и од Демократската лига на Косово, основана од Ибрахим Ругова, а чиј претседател е Иса Мустафа.

Поздравен говор преку онлајн вклучување ќе има и Пауло Рангел, потпретседателот на ЕПП.

Ова е првиот мост за соработка на опозицијата во регионот и извесна потесна соработка на најголемата македонска партија од опозицијата со опозиционите албански партии.