Секоја регионална иницијатива е добредојдена, но тоа не смее да биде алтернатива за полноправно членство на земјата во Европската Унија, истакна денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Македонија треба веднаш оваа година, да ги отпочне преговорите со ЕУ, бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од би рекол десет години, со исполнети критериуми, но за жал поради разно разни артефицијални, вештачки препреки ние до овој момент не сме отпочнале преговори, изјави Мицкоски.
Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу иницијативата „Отворен Балкан“, нагласи дека нема алтернатива за ЕУ.
– Ние треба веднаш да ги отпочнеме како држава преговорите и тоа треба Европската Унија да го испорача уште оваа година. Следна таква можност е самитот што ќе се одржи во декември месец. Така што тука би го заклучил мојот одговор, алтернатива за Европската Унија нема, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.