Минаа две недели а претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев молчи и не ги пријавува граѓаните кои му нуделе мити. За жал никој не поведе ниту постапка против овој функционер  затоа што ги крие тие што му нуделе бакшиш.

Џолев вели дека не може да се остава вчечаток во јавноста дека само судиите и политичарите се корумпирани а граѓаните не се.

На мене ми пристапуваат голем број на луѓе, граѓани кои што самите ми пристапуваат и викаат „дај за оваа работа вака така“, Ја му вима па ајде ве молам.Меѓутоа, така размислува нашиот граѓанин дека за нешто треба да даде бакшиш.

За ова беше прашан и Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и тој рече дека нема информација дали Џолев пријавил за обидот да му понудат мито.