„На дневна основа добиваме десетици и десетици сведочења дека се прави притисок врз јавната администрација. Но порачувам да не се плашат. Доаѓа крајот на ова несреќно владеење на СДСМ и Зоран Заев и целата онаа неправда која што на ним им се причинува од овие малку властодршци се уште лојални на Зоран Заев, ќе биде исправена веднаш по доаѓањето на нова честита Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ“, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во изјава за Алфа кажа дека најавата на Заев за метлата дека ќе заигра во спротивниот двор, значи притисок врз оние кои што не размислуваат како него.

Тој им порача на Заев и соработниците да се спремаат за политичка пензија, бидејќи следувале предвремени парламентарни избори каде тие ќе паднат од власт. Тој е убеден дека в недела ќе победи Горана Сиљановска Давкова.

„Се останато ќе биде некаков изборен инженеринг или изборен фалсификат“, рече Мицкоскоски.