Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека во текот на утрешниот ден ќе одржи состанок со сите набљудувачи на изборите за во недела на избирачките места да нема неправилности.

Ние мора да се избориме, ние сме чувари на демократијата. Утре лично имам состанок во 8 часот со сите набљудувачи што се распределени на избирачките места ширум Македонија. И јас сум еден од тие набљудувачи, и јас ќе бидам набљудувач на изборно место во Сарај. Граѓаните не смеат да дозволат да се украде нивниот глас бидејќи треба да знаат дека тие се суверен владетел на својот глас позади гласачката кутија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.