Денот го завршувам со посета на општинскиот комитет Радовиш. Нема ден а да нема некој скандал, некој нов пораз донесен од оваа власт, објави на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вчера Економист ја рангираше Македонија 8ма во Светот по одлив на мозоци, денес дознаваме дека Заев е дел од меѓународен скандал за градба на болници кој вклучува тајни средби, многу недоречености, и молк од власта. Јасно е дека секој скандал е поголем од претходниот и дека се што ќе допрат Заеви го претвораат во криминал и корупција. Затоа земјава е рангирана како најкорумпирана во Европа, и затоа нема ниту еден случај кој има разрешница а е врзан со висока корупција. Оваа власт мора да падне, за да Македонија се исправи. Обновата ќе дојде, а таа меѓудругото значи правда, принципи и стандард, стои во неговиот пост на Фејсбук.