Мицкоски: Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

30.09.2020 / 14:13


Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба, објави на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба од три причини:

1. Oдлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување со пандемијата, но за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијата.

2. Oснова за овие одлуки беше справување со економските последици од пандемијата. Денес, имаме драстично влошување на економските состојби и зголемена невработеност.

3. Владата ги манипулираше основите и носеше Уредби со законска сила коишто беа злоупотребени за изборен поткуп или за менување на Изборен законик во последен момент.

Доказ за тоа е дека Уставниот суд поништи десетина уредби донесени од владата во тој момент, напиша во својата објава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Марта Кос ни го спореди идентитетот со тавче-гравче, полнети пиперки и пинџур

пред 12 часа
Македонија

Mицкоски: Предводиме на патот на реформите, кои значат од подобро владеење и почиста енергија, пофер правда и силни бизниси

пред 14 часа
Македонија

Потребни сме на семејство од Кочани! Да донираме уште денеска!

пред 17 часа
Македонија

Крешник Бектеши на притворско кафе во Старата чаршија (ФОТО)

пред 18 часа
Македонија

Костовски: Напредокот на општините ќе беше мисловна именка без унгарскиот кредит

пред 18 часа
Македонија

Вака изгледа патувањето по новиот пат Дреново-Фариш (ФОТО)

пред 18 часа
Македонија

Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема

пред 18 часа
Македонија

Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски ги пречека лидерите од регионот (ФОТО)

пред 1 ден
Македонија

Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик

пред 1 ден