Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски поради однапред закажани обврски беше спречен да присуствува на рочиштето за 27-ми април, информираат од партијата.

Доколку биде уредно поканет ќе сведочи на првото наредно рочиште. Со задоволство ќе посведочи за вистината, наспроти политичките злоупотреби и прашини кои што се креваат за овој случај, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.