„Јас зборував јавно на таа тема дека ВМРО-ДПМНЕ попис во кој што не е вклучен во изработка на закон или во телата не може да поддржи од проста причина затоа што комплетно игнорантскиот однос од страна на власта е најголем проблем во оваа држава“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „само интервју“ на телевизија Канал 5. Мицкоски додаде дека во општество во кое што Зоран Заев и политичката мафија се на власт тешко е да се помине било каков суштински амандман во Собранието.

Понудивме многу пати во минатото и сега не брзајте, дајте да седнеме да разговараме. Нас не ни е потребна операција на попис заради исполнување на било какви бројки. Нас ни е потребно операција за дефинирање на статистички параметри во државата“, нагласи Мицкоски.