Ние сме сведоци на нов модел на „Кацарска судство“ кое што го брендиравме и „Рускоска обвинителството“, но денеска еве сведоци сме дека покрај „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ имаме и нарачани сведочења од страна на луѓе кои што сведочат за потребите на Зоран Заев и на групата околу него, истакнал при вечерашната посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Како што информираат од партија коментирајќи ги денешните искази на сведоците во судот за собраниските настани од 27 април, Мицкоски потенцирал:

Ова има за функција две цели, првата основна цел на СДСМ е да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и да го забрани нејзиното битисување, преку монтирани политички случаи.    Втората цел е да се дефокусира јавноста од сите скандали и нереализирани ветувања“.