Собранието на Република Македонија утре напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Парламентот.

Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Парламентот во периодот од  1. август 2006 година до 21. јуни 2008 година.

Поранешниот претседател на Собранието, истакнат дипломат и професор, режисер и амбасадор, почина утринава на 81-годишна возраст.