Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна порака во однос на пописот, а тоа е дека со ваква епидемиолошка состојба пописот треба да се одложи.

Околу пораките ВМРО-ДПМНЕ има јасна порака а тоа е дека пописот во ваква епидемиолошка состојба треба да се одложи и јас пишав едно отворено писмо и дадов предлог во мојот предлог ќе го повторам уште еднаш пред македонската јавност е содржано следново: пописот веднаш да се одложи бидејќи ова што станува збор за дијаспората е евиденција не е попис. Попис се знае се прави на резидентно население или население кое што изминатите 12 месеци не ја одјавило адресата од Македонија. Ова е евиденција на дијаспората што не мораше да го прават, од бројот на издадени македонски државјанства ќе го одземевме бројот на резидентно население ќе ја добиевме дијаспората – изјава Мицкоски.

Според него, најпотребно е прво да се имунизираат попишувачите а како што рече тоа е процес кој ќе трае околу месец, месец и половина, а пописот да се спроведи на есен, барајќи донација на 5.000, 6.000 вакцини од меѓународната заедница бидејќи, како што укажа, власта е неспособна да ги набави.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција и вели пописот треба да се одложи, таму некаде на есен, втора половина на септември, ако е потребно да ги одложиме локалните избори за еден месец не менува ништо и во меѓувреме да ги имунизираме попишувачите за да може граѓаните да се чувствуваат комотни кога разговараат со нив дека не може да бидат преносители на оваа ужасна зараза која јас и моето семејство на своја кожа ја почувствувавме.

 

Еве имам модифициран предлог бидејќи толку заинтересирани се меѓународната заедница да имаме попис како и што ние што сме заинтересирани веднаш да излезат и да ни донираат 5.000, 6.000 вакцини за попишувачите бидејќи овие се неспособни да ги обезбедат овие вакцини, нека ги имунизираат попишувачите, тоа е процес кој што трае месец дена, ќе се одложи процесот на попишување на населението и домаќинствата за месец, месец и половина што е тоа во според со 20 години. И тогаш откако ќе се заврши со имунизацијата да го спроведеме пописот – изјави Мицкоски.

На прашањето, дали ВМРО-ДПМНЕ е подготвено првиот момент кога ќе бидат имунизирани сите попишувачи да прифати попис, Мицкоски оговори потврдно.

Апсолутно да. Првиот момент кога ќе имаме имунизирани попишувачи каде што здравјето на граѓаните на граѓаните нема да биде загрозено, и нема да постои опасност дека попишувачите можат да шират пандемија, да ние сме тие кои ќе го поддржат пописот. И ние имаме принципиелен став, велиме да за попис, но не за вакво попис во епидемиолошка ситуација кога еве денеска прочитав има 29 починати и повеќе од 1.200 кои што се позитивни, или процентот на позитивни споредено со тестирани е повеќе од 32 што веќе повторно станува апокалиптично сценарио и ние не сме веќе во третиот ран туку се ближиме кон пикот на третиот бран – изјави Мицкоски.