Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден во победа на неделните избори и оти Гордана Силјановска Давкова ќе биде нов претседател на Република Македонија. Тој во интервју за „Република“ говори за студениот туш кој дошол од Европската унија и оти земјава нема да добие датум за преговори и дека единствен виновник за тоа се Зоран Заев и СДСМ,

Очекувам голема победа, очекувам многу голема победа. Особено овие активности што ги имам помеѓу двата круга, оние средби со нашите граѓани, онаа енергија што ја добивам, чувствувам дека на народот, како што ние политичарите популарно велиме, му пукна бетонот. Тоа значи дека дојде денот кога сето она што народот го трпеше и сето она што гледаше дека е неправда во Република Македонија одлучи да си ја земе работатата во свои раце, со пенкалото во рака да гласа за онаа опција која навистина ќе понуди правда и правдина во Македонија. И од тие причини јас сум убеден дека во вториот и последен круг, кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова ќе победи.

Целото интервју погледнете го на „Република“