Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со Федерика Могерини, истакна дека ги размениле мислењата околу актуелните политички случувања во државата. Во подолжение изјавата во целост:
Ја користам оваа прилика да се обратам лично и персонално на граѓаните на Република Македонија, а истото тоа е поврзано со неколку последни несреќни изјави кои што претседателот на Владата, премиерот господинот Зоран Заев изминатите неколку дена егзибиционистички во свој стил, неконтролирано ни кажува за време на оние соочувања со граѓаните.
Имено, можевме да слушнеме како претседателот на владата повикува на камшикување на сопствениот народ, можевме да слушнеме како претседателот на владата господинот Зоран Заев повикува на мито на сопствениот народ кога ги повикува бизнисмените да го одврзат кесето и да дадат 13-та плата, како имал средба со одреден бизнисмен во владата. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да се обратам до граѓаните на Република Македонија, до моите пријатели, роднините, до моите соседи, до моите колеги и до моите сопартијци и сакам да ги замолам сите граѓани во Република Македонија да не подлегнуваат на сите овие обиди за понижување и омаловажување бидејќи никој во историјата македонскиот народ не го камшикувал, па нема тоа да му го дозволиме ниту на Зоран Заев, ниту на било кој кој што ќе се обиде да направи такво нешто.
Никој во историјата не успеал да го понижи сопствениот народ, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија како што тоа го прави Зоран Заев изминатите денови. Затоа би сакал сите вас, граѓаните на Република Македонија, Македонците, но и останатите да ве замолам да го задржите вашето достоинство, да не потпаднете на провокации од страна на претседателот на владата вие сте горди, вие сте достоинствени што живеете во оваа држава тука е ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил столбот на државата во Република Македонија, така ќе биде и овој пат. Послушајте го вашето срце и разум како да постапите во својот живот, така и постапете на 30 септември. Ниту едно омаловажување, ниту едно понижување, ниту еден обид за камшикување на Зоран Заев и рамадилата околу него нема да им помине.
Новинарско прашање: Дали по средбата со Могерини останувате на ставот дека секој граѓанин треба да одлучи сопствено мислење за референдумот?
ВМРО-ДПМНЕ ставот не го гради врз основа на чувства, ВМРО-ДПМНЕ ставот го гради врз основа на онаа навигација која што ја доби од граѓаните и врз основа на сите оние информации кои што ги добиваме од средбите со нашите пријатели од меѓународната заедница, но и оние средби со граѓаните. Нашиот став е изграден потврден од телата на партијата од, Извршниот комитет, едногласно од Централниот комитет, така што ВМРО-ДПМНЕ, го кажа својот став и јас сега не би го повторувал и нема промени во истиот.
Како ќе постапите Вие на 30 септември?
Ќе мора да почекате на 30-ти, еден ден после мојот роденден, да видите.
Comments are closed for this post.