Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, побара оставка од Владата по извештајот на „Транспаренси“ за корупција во земјава.

„Транспаренси“ објави дека Македонија има најнизок ранкинг во борбата против корупцијата и се најде на 111 место.

Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам.
Според Транспарентност Интeрнационал по степенот на корупција на историски најлошото 111-то место. Пад од 5 места споредено со минатата година и никогаш полошо во периодот на независна Македонија. Тие не се само мафија, на овие луѓе и мафијата може да им позавиди. Подобри од нас се: Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија, а заедно сме со Панама и Монголија. Пад од цели 45 места за 5 години.
После ваков резултат, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, веднаш.
Заедно да се избориме за нашата иднина, а после одговорност за целиот срам и криминал што го донесоа.
#ИднинатаЕНаша, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.