Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Неделен Брифинг со Сотир Костов“ зборуваше за темата која е многу актуелна и е поврзана со пописот во државата. Мицкоски потенцираше дека нема проблем со процентите од пописот, туку проблемот е што власта сака да ја украде иднината на сите граѓани.
Јас велам може да се направи електронски попис според Еуростат, еве како што е Еуростат во Словенија, во Данска, во Белгија направете го така за да добиеме одговор на прашањето како да се развива оваа Македонија, оставете ги процентите небитни се. Дајте луѓе децата дома да си ги задржиме и да ги елиминираме овие лопови во политиката кои крадат гласови од луѓето за да може да имаат убав живот бидејќи друго не знаат што да работат. Тоа е суштината која јас се залагам да ја направиме, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.