Уставниот суд е на тест, останува да видиме дали ќе го одбрани својот интегритет и ќе го заштити уставот или ќе потпадне на политичките притисоци.

Едниствено што треба да го земат во предив при одлуувањето е словото на уставот поради што овој суд и постои и праксата од минатото која недвосмислено покажува дека законите не се валдини без потписот на Претседателот. Нападнат е Уставот и Уставниот суд мора да го одбрани, нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интерју за „Прес 24“

За жал самата постапка на објавување на неуставниот закон за двојазичност преставува продолжување на насилието на власта. По смената на името во Собранието,  која се одвиваше по еден насилен пат, по пат на уцени и закани, каде спротивно на волјата на народот се донесе промена на уставот со која се менува името и идентитетот, гледаме како Македонија со чело на ова власт продолжува да губи. И тоа губи драматично. Имаме еден кукавички чин на Заев, каде додека скија во еден од германските туристички центри, практично даде наредба, даде зелено светло да се објави неуставен закон, со кој Македонија повторно губи-вели Мицкоски во дел од интервјуто.