Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека Договорите со Грција и со Бугарија кои ги потпиша владата на Заев не ги решила проблемите, туку дека премиерот тоа го сторил за лични причини кои во најголема мера се поврзани со неговиот случај „Поткуп“.

Заев потпишуваше договори со Грција и со Бугарија со една цел а тоа е да дојде до позицијата каде што сега се наоѓа и да ужива привилегии тој и нему блиските, за да може да се спаси од кривична одговорност за случајот „Поткуп“ каде како градоначалник бараше мито и каде што видовме дека правосудството се покажа како слуга на власта. Втората причина е за да може да се промени законот за јавни набавки, односно да се укине она тело што порано функционираше и беше каков таков филтер, а тоа е Советот за јавни набавки за да може тендерите во четири очи да врват.На сметка на идината на Македонија Заев си реши личен проблем со случајот „Поткуп“-изјави Заев во интервју за „Клан телевизија“