„Завршува арамилукот, срамот, неправдите и назадувањето донесено од Зоран Заев и оваа влада, објави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

„Од 3 јануари техничка влада, на 12 април избори. Иако се тешки времиња, изборот никогаш не бил појасен. Сите заедно одиме на голема победа која ќе ја донесе обновата на Македонија“, напиша Мицкоски.

Иако се тешки времиња изборот никогаш не бил појасен. Сите заедно одиме на голема победа која ќе ја донесе обновата на Македонија.

За Македонија!“-стои на ФБ профилот на Мицкоски.

По завршување на средбата Мицкоски изјави дека имале плодна дебата и го пофали консензусот за патот кон ЕУ. Смета дека недобивањето датум е пораз на политиките на Зоран Заев.