Се лажат ако мислат дека ќе не исплашат со писмото со кое Јанева наредува случаите да се предадат кај Русковска, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него станува збор за сценарио и вложување на огромна енергија на забоштување и прикривање на доказите за криминал на власта.
Па така еден од оние чии имиња најчесто се вртат за поврзаност со случајот Рекет ќе каже „аман веќе доста зборите, само рекет па рекет”. А не сакаат да се збори затоа што се стига полека, полека до главата на октподот. Во оваа операција е и онаа парада за одење пред обвинителство како демек Кики кажува дека не е Кики, а истото ќе го повтори и Фрики. Па овој Кирацовски ќе ни каже дека со Боки се видел еднаш, двапати, ама ете излезе некоја фотографија во медиумите како заедно пеат серенади на кејот на Вардар во еден ресторан, веројатно кроејќи некаква куфер политика. Некако премногу интимно и добро се знаат како за едно гледање – додаде Мицкоски.
Тој вели дека се отвора сомнеж дека овој милионски криминал со меѓународниот сојуз е параван за финансирање на кампањата на СДСМ.
Овие сомнежи треба да се испитаат, и да се види дали тоа што овој Сојуз е преполн со луѓе од раководството на СДСМ е поради фактот што куферите можеби завршувале на Бихаќка? Ако не сега, со ова климаво и диригирано обвинителство Ви ветувам дека вистината ќе се дознае. А што се однесува до судството и обвинителството алармирам да не подлегнуваат на притисоците на власта, зашто секое постапување кое не е според закон ќе биде разгледано и ревидирано. Не се ставајте да бидете слуги на оние кои во слободен пад сакаат да ве повлечат и вас. Работете според законите и ноесете правда“, вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.