Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада повеќе во Македонија нема да гледате политичари во фрак кои газат дебели црвени персиски теписи и одат по Европа на балови, вети пред жителите на Македонски Брод претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој порача дека повеќе нема да се затвораат ски-центри за премиерот и другарчињата да се санкаат, туку пред народот ќе излезат уморни и ненаспани политичари со проектите под мишка, а не инспектори, ќе создаваат нови развојни стртегии за подобар живот на граѓаните.

Нема да гледате политичари кои ветуваат за да се догребат до власт, моќ, позиција и функција, туку ќе гледате луѓе еднакви со народот кои заедно ќе работат исклучиво за интересите на татковината и народот, рече Мицкоски.