Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека потврдата на ставот народот на 30 септември кажал дали позициите на ВМРО-ДПМНЕ беа исправни или не беа исправни во однос на Песпанскиот договор.

-Со тоа што народот одлучи да молчи, затоа што како што во минатото некои политичари на СДСМ сакаа да кажат – некои прашања не заслужуваат одговор. Така што од оваа перспектива гледано можам да кажам дека го избравме правилниот пат, а тоа беше патот заедно со народот, патот на правдината, на честитоста, на вистината и патот на Македонија – вели Мицкоски.

Според него, откако ќе ја добијат довербата на народот,ќе се видат чекорите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе во иднина.

Јас би бил навистина внимателен, ја разбирам потребата од откривање сензационализми предвреме. Но јас би бил внимателен навистина во чекорите кои се одат еден по друг, така што ајде најпрвин да видиме дали владејачкото мнозинство ќе се охрабри ќе се одважи, ќе се осмели да ја поддржи иницијативната на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори. Потоа втората интерација кадешто ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата на граѓаните, формираме влада, па дури потоа ќе одиме чекор по чекор во процесите коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени. И одма сега тука можам да ви дадам одговор и на второ можно прашање бидејќи не така одамна и тоа ми беше поставено – Дали ќе бидам премиер на Република Северна Македонија, јас и тогаш кажав, еве и сега ќе го повторам дека подготвен сум да бидам премиер и за мене секогаш ќе остане Република Македонија не сметајќи ја оваа историска грешка којашто ја направи владата на СДСМ и Зоран Заев заради лични и кариеристички цели-изјави Мицкоски.