Полициски службеници забележале сомнително патничко возило „Рено” со скопски регистарски ознаки, кое кога се обиделе да го запрат не застанало. По преземени мерки, возилото било пронајдено во Свети Николе и во него имало 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, додека возачот М.Р.(26) од село Банско, Струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.

Исто така, од слобода бил лишен и Т.И.(40) од село Банско, кој со патничко возило „Фолксваген Пасат” со скопски регистарски ознаки возел пред возилото на М.Р.. Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.