Вечерва ќе присуствувам на трибина и разговор со граѓаните на Струмица, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Кажувам за да не ме мислат роднините и пријателите на премиерот, нека одмори бентлито на власта, бидејќи ќе му претстои напорна работа зошто ние ќе ја обиколиме цела Македонија, секој град, село, маало и улица посветени на ширењето на вистината, борбата за правда и вербата во вредности. За Македонија, напиша Мицкоски.