Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска најави дека кандидатите за претседател на државата ќе се знаат најдоцна до 5 февруари, а официјалниот кандидат ќе се знае на конвенцијата на 16 февруари.

Јас сум убеден дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде иден претседател, а предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и иден градоначалник на Охрид и Ново Село-убеден е Мицкоски.