Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски правото на глас го оствари во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае. Тој по гласањето во изјава за медиумите кажа дека денеска е денот кога граѓаните треба гласно да зборуваат со пенкалото во рака.
„Денеска е свечен ден и покрај сите неправилности и нерегуларности кои што ги добивам, денеска од терен, очигледно дека карактерот на властодршците на Заоран Заев не мирува, сакаат на насилен пат да изберат претседател. Но и покрај сите злоупотреби, притисоци и она што се случуваше изминативе денови ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова ќе победат и Македонија ќе ја добие првата жена претседател“, рече Мицкоски по гласањето.
Comments are closed for this post.