„Нарачуваат анкети на сдсмовските медиуми, на кои водат. Притискаат, уценуваат, се закануваат, но не разбираат дека вистинската анкета ќе ја видат на 21 април, кога најголемата коалиција во Македонија ќе им ја испорача вистинската анкета – дојде време за политичка пензија“,  порача  од Крушево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во предизиборната кампања за претседателските избори.

Тој му вети на Заев дека политичката пензија нема да му биде спокојна, бидејќи за сиот криминал и за неправдата, омаловажувањата ќе одговораат од првиот до последниот.

Ќе имате време таму и за потпевнување и за бодрење, рече Мицкоски.