Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во вечерашната емисијата „КланДебата„ рече дека тоашто се случуваше во Брисел е само резултат на погрешните политики што се случуваа во Република Македонија изминатиот период, политки чиишто репрезент практична е владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

-Контиунирано се правеа грешки еве изминатив три години по ред. Никако не можеше да ги видат знаците коишто стоеја покрај патот дека практично во овој момент се случи тоашто се случи, а се случи онашто ние не го очекувавме нормално се разбира, иако постоеја тие знаци, а тоа е да не добиеме покана за отпочнување на прегововори со ЕУ, истакна претседателот Мицкоски