Пописот на населението ѝ е потребен на државата, но тоа треба да биде статистичка, а не политичка операција како што ја подготвува власта, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој кажа дека партијата на вчерашната седница на Извршниот комитет донела заклучок да се повлече законот за попис од собраниска процедура и преку поширока дебата да се дојде до консензуално решение за начинот на спроведување на пописот.
Владејачкото мнозинство да го повлече законот за попис од собраниската дебата и да организира внатрепартиска и внатредржавна дебата на целата територија на Република Македонија, да ги обедини сите политички чинители и општествени фактори, за да се дојде до консензуално решение – како треба да изгледа оваа статистичка операција“, рече Мицкоски.
Во спротивно , Мицкоски најави мобилизација на партијата и на граѓаните за собирање потписи за нов предлог закон со кој ќе се поништи законот што е во процедура.
Comments are closed for this post.