Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средба со полскиот амбасадор во Република Македонија, Пиотр Висоцки, разговарал за надлежностите и клучните цели на Советот како и за поддршката што Полска и ја дава на Македонија.

Вчера во Собранието остварив средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски. На средбата присуствуваше и заменикот амбасадорот г.Пиотр Висоцки.

На средбата го запознав амбасадорот на Полска за формирањето и новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции, надлежностите и клучните цели, улогата како репрезентативно тело на политичките и општествените чинители во државата.

Разговаравме и за континуирана поддршка што Република Полска ѝ ја дава на Република Македонија – објави Николоски.

Вчера во Собранието остварив средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски. На средбата присуствуваше…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, January 13, 2021