Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика народот масовно да излезе на избори во недела, на 21 април, за да не се дозволи остварување на сценариото, избор на претседател во Собранието. 

Иако во изминативе денови тивко се зборуваше, последниве неколку денви се погласн се говори од страна на  експонентите на власта дека наместо да избираат граѓаните, можен е избор на претседател во Собранието. Сакам да бидеме на јасно, ова е сценарио за суспендирање на волјата на граѓаните, поништување и укинување на правото граѓанинот директно на непосредни избори да го избира својот претседател. Добро се знае кој го има мнозинството во Собранието, исто како и што се знае и начинот до кој дојдоа  до тоа мнозинство“, рече Мицкоски.

Според него со ова изборот на претседател ќе се сведе на трговија со услуги, наместо да биде јасна волјата на народот изразена непосредно на избори. Мицкоски смета дека сценариото има за цел како што вели повторно да заплашат дека можат и без народот како што тоа го направија со измената на Уставот.

Да се поништува волјата на граѓаните и да се избира претседател наместо на избори во Собрание не е баш европска Македонија, а уште помалку ненакво одење напред. Тоа е огромен чекор наназад.  А зошто ова го прават и зошто е ова сценарио на Зоран Заев? Затоа што знаат дека на фер и демократски избори катастрофално ќе загубаат, исто како што знаат дека народот доаѓа по своето оваа недела“, рече Мицкоски.

Затоа според лидерот на опозицијата власта е нервозна и прави сценарија, ставајќи се над законите и над Уставот.

Но треба да знаат дека не се господари на волјата на граѓаните, туку тие треба да бидат слуги на државата.  Кој е начиниот да се избегне ова сценарио? Да се излезе што помасовнмо во недела, во што поголем број и дека народот е главен суверен во оваа земја и дека правдата ќе победи, правдата ќе го казни заевизмот, за сето она што го ветија, а не го направија. Да се избориме за горда и единствена Македонија, а на власта и порачувам да не се дрзнува да ја фалсификува волја на граѓаните, туку демократски да си го прифати поразот“, порача Мицкоски.