Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека има придвижувања во однос на зголемувањето на бројот на нивните пратеници во Собранието, но од медиумите побара трпение потенцирајќи дека тоа „многу брзо ќе се знае“.

Ќе ги имаме и терминалите кои ќе ги отчитуваат и отпечаток на прсти со кои ќе се гласа на следните избори, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата обвини дека министерот за финансии Фатмир Бесими две недели не одговара на дописот на претседателот на Државната изборна комисија за дополнителни средства за овие терминали.

Од што се плаши ДУИ на следните локални избори. Прашајте го Фатмир Бесими зошто не обезбедува средства за ДИК за да може да се обезбедат терминалите за отчитување на отшечаток на прсти, со кои ќе се гласа на следните локални избори, рече Мицкоски.

Според него, членот 108а е јасен како ќе се гласа на следните локални избори.

Ве повикувам новинарите прашајте го Фатмир Бесими зошто две недели не одговара на претседателот на ДИК и не обезбеди дополнителни средства да се набават овие терминали. Или Зоран Заев прашајте го. Или паралелниот премиер прашајте го, рече Мицкоски.

Во однос на различните ставови на директорот и заменик директорот на Заводот за статистика за попишувањето на дијаспората, Мицкоски вели дека предупредил за такво нешто и оти тоа е политизацијата за која зборувал.

Од првиот момент тие тоа го политизираат. Од првиот момент од статистичка ова се претвори во политичка операција. Трка по проценти, трка по бројка, тоа нема да даде одговор на идниот развој на Македонија и затоа уште од првиот момент кажав дека овие луѓе не се способни да испорачаат, рече Мицкоски. Според него, ова ќе биде плод на лажен компрпомис и политички договор.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во одговор на новинарско прашање уште еднаш ја повика ЕУ да ги поддржи граѓаните на нашата земја, бидејќи, како што рече, на овој народ местото му е во ЕУ. – Во спортивно Европа ќе ја изгуби поддршката кај нашите граѓани, заклучи Мицкоски.