Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија и им подаваме рака на сите, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Сакам јасно да ви порачам дека истите центри што ви ги загорчуваат вашите животи, а кои не нудат решение за ниту еден ваш проблем, се изворот на оваа негативна пропаганда меѓу Албанците за ВМРО ДПМНЕ!
ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија!
Тука сме за сите!
И за Албанците!
И за Турците!
И за Србите, Власите, Бошњаците, Ромите, Еѓипќаните и сите останати.
Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија!
Им подаваме рака на сите!
Придружете ни се во нашата борба,за нашата мајка Македонија, вели Мицкоски.