Денес на очиглед на целата македонска јавност власта ја спаси осомничената Катица Јанева од разрешување, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески.
На денешниот предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да се стави на дневен ред како прва точка, разрешувањето на осомничената специјалната обвинителка Катица Јанева, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го одби овој наш предлог, со што се стави на страната на заштита на Јанева“, изјави Мицевски.
Според него со ова се докажуваат сомневања за координација и синхронизација помеѓу Катица Јанева, Владата на Зоран Заев, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот. Дали заштитата на Катица Јанева од страна на СДСМ и Зоран Заев е индиректно заштита на високи функционери на власта кои што учествувале во оваа најголема досега криминална афера со оглед на тоа дека Катица Јанева има информации кои што ќе ја докаже вмешаноста на државниот врв во аферата „Рекет““, вели Мицевски.
Тој го повика спикерот Талат Џафери, да закаже итна седница на која што единствена точка на дневен ред ќе биде разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева со оглед на тоа дека оваа точка веќе помина со едногласна одлука за разрешување на Комисијата за прашања за изборите и именувањата.
Comments are closed for this post.