Во понеделник во посета на Македонија ќе биде заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер.
Како што информираа од американската амбасадата, тој доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.
Ќе се состане со владини и партиски функционери, вклучително и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Интензивна дипломатска офанзива имавме пред референдумот кога многу политичари како германската канцеларка, Ангела Меркел, австрискиот канцелар, Себастијан Курц и други беа во земјава со порака дека граѓаните треба да го поддржат Договорот од Преспа.
Comments are closed for this post.